Пекинг со остри реакции за нуклеарниот тест извршен од Северна Кореја

Пекинг остро го осуди новиот нуклеарен тест на Северна Кореја и ги повика властите во Пјонгјанг да „запрат со заострување на ситуацијата со потези што не се во нивни интерес“.

– Северна Кореја го занемари спротиставувањето на меѓународната заедница и изврши нов нуклеарен тест. Кинеската Влада е остро против тоа и изразува енергична осуда за тие акции, се наведува во соопштение од кинеското МНР.