Пекиншката полиција ги предупреди жителите на кинеската престолнина да не им помагаат на возилата со ознаки на Зимските олимписки игри, доколку им случат сообраќајни несреќи за да не се кршат строгите прописи воведени поради Covid-19.
Покинг во февруари ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри, а валстите воспоставија рестриктивен систем во кој ниеден спортист или друг учесник во натпреварувањата нема да дојде во контакт со јавноста.
Уште во декември под „стаклено ѕвоно“ беа ставени илјадници вработени, волонтери, хигиеничари, чистачи, готвачи и возачи ангажирани за ЗОИ, коишто ќе останат изолирани следните седмици. Мерките се толку строги што пекиншката полиција издаде упатстава за жителите да не им помагаат на олимписките возили дури и во случаја на судири.
„Во случај на сообраќајни несреќи на специјалните возила на ЗОИ, ве молиме да внимавата на оддржување на безбедна оддалеченост. Не воспоставувајте контакт со возилата или персоналот и сочекајте на местото на настанот да пристигнат професионалци“, соопшто одделот за сообраќај на Пекинг.
Кина, земјата во којашто коронавирусната болест Covid-19 беше првпат во светот идентификувана на крајот од 2019 година, со стратегијата на нулта толеранција во смисла на сузбивањето на епидемијата стана една од земјите кои најдобро се справија со двегодишната пандемија. Таквиот строг пристап ќе биде применуван и во текот на Зимските олимписки игри кои од 4-ти до 20-ти февраури ќе се одржуваат во Пекинг, коиј така стана единствениот град кој организирал и зимска и летна Олимпијада, по игрите во 2008 година.
Следните седмици во Пекинг треба да пристигна околу три илјади спортисти од целиот свет, а тие ќе останат одвоени од јавноста во текот на целото траење на игрите. Сите кои пристигнуваат во Кина мора да бидат целосно вакцинирани или да мината 21 ден во карантин, а сите учесници ќе бидат тестирани секој ден и мора цело време да носат маска.