Пеле се плаши од Озил и Милер

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Пеле, откри дека најмногу го загрижува репрезентацијата на Германија и најмногу стравува од фудбалерот на Арсенал, Месут Озил и од брзоногиот напаѓач, Томас Милер.

„И понатаму, за мене Бразил е најголем фаворит кога е во прашање светската титула. Играме на домашен терен и имаме одличен тим. Сепак, јас имам голем респект кон репрезентацијата на Германија. Германија и Шпанија го имаат најдобриот тим во Европа. Одлично се организирани, имаат по неколку добри фудбалери на секоја позиција. Се плашам од Германија, знам дека таму секој фудбалер игра со срце. Најмногу ми е страв од Месут Озил и од Томас Милер. Мислам дека тие двајца се најголема опасност пред секој гол”, изјави Пеле.