За разлика од фудбалските фанови, и тие кои се за Барселона и тие кои се неутрални, кои се убедени дека каталонскиот гигант заслужено славел на „Итихат” во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, вината за поразот ја лоцира во очајната судиска арбитража.
„Нормално дека ќе се жалам на судиската арбитража. Ќе се жалам на досудениот пенал и ќе се жалам на директниот црвен картон. Во текот не целиот натпревар во ниту еден момент не добив чуство дека двата тима имаат идентичен судиски третман. Вината за поразот ја лоцирам кај главниот судија, тој директно влијаеше на конечниот резултат. Беше на само неколку местри и не ми е јасно како не виде дека има чист фаул врз Навас. Исто така фаулот на Демикелис беше направен надвор од казнениот простор. Со такви големи судиски грешки, речиси не невозможно да се победи еден тим каков што е Барселона”, изјави искусниот чилеански стручњак.