Словачкиот премиер Петер Пелегрини го истакна во четвртокот во Братислава единственото на земјите коишто ја сочинуваат групата Пријатели на кохезијата, додавајќи дека тие денеска ќе испратата јасна политичката порака, пред декемврискиот самит на Европската унија кој во Брисел ќе се одржи за две седмици.
„Проактивниот пристап на Притајтелите на кохезијата, шеснаесетте земји членки на Европската унија, претставува добар пример на единство“, изјави словачкиот премиер Петер Пелегрини, со што се согласи и еврокомесарот Марош Шефчович.
Двјацата го отворија собирот на кој учествуваат осум премиери и осум високи претставници на земјите кои се залагаат во новиот повеќегодишен буџет на ЕУ да не се намалуваат средствата за кохезиска политика.
Во Братислава ќе присуствуваат на средбата премиерите на Чешка, Словачка, Естонија, Унгарија, Полска, Словенија и Хрватска, додека другите осум земји како Бугарија, Грција, Кипар, Латвија, Литванија, Италија и Португалија ќе ги претставуваат високи претставници.
Состанокот во Братислава се одржува во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ на кој главната тема ќе биде долгорочниот буџет на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година. Групата Пријатели на кохезијата беше основана во периодот кога се водеа преговори за буџетот на ЕУ за времето од 2007 до 2013 година, кога одлучија да истапат против намалувањето на кохезиските средства, бидејќи со нив се кофинансираат развојни проекти во сиромашните земји членки и така се придонесува за намалување на разликите во ЕУ. Истите земји се залагаа повторно против намалувањето на козехиските средства и во периодот кога се водеа преговорите за седумгодишниот европски буџет за периодот од 2014 до 2020 година.
Пелегрини истакна дека не е случајно одбрано времето за одржување на овој состнок, две седмици пред состанокот Европскиот совет.
„Времето за овој состанок не е случајно одбрано. Следниот месец преговорите за повечегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година влегуваат во завршна фаза. Затоа ве повикав во Братислава две седмици Европскиот совет за нашата груп по потој повод да биде видлива, да покажеме дека сме обединети и да испратиме јасна политичка порака како поддршка на нашите заеднички интереси“, рече Пелегрини.
Истакна дека граѓаните досега можеле да видат непосредна полза од кохезиската политика и заедничките политики во замјоделието, и оти поради тоа е ваќно Пријателите на кохезијата и натаму да се борат за нивно силно продолжување.
„Оттаму јасно е дека ги браниме овие политики и се бориме за нивно силно продолжување“, истакна словачкиот премиер.
Додаде дека групата истовремено ќе биде поддршка кога во рамките на новиот повеќегодишен буџет ќе се зборува и за новите приоритети, како што се безбедноста а особено миграциите и контролата на границиет. Изрази и надеж дека сите земји се согласни за носење задничка декларација која ќе биде претставена по завршувањето на собирот и којашто како координирана порака ќе биде претставена пред Европскиот совет на самитот во декември.
„Мораме, исто така, да бараме поголемо разбирање околу потребата од економска конвергенција. Мораме да почнеме да градиме европски консензус или ќе се соочиме со популизмите, национализмиет или антиевропски движења“, истакна Пелегрини.
Шефчович пак, давајќи поддршка за проактивниот пристап на Пријателите на кохезијата и нивните пример единство зборуваше и за повеќегодишниот буџет за периодот од 2021 до 2027 година, изразувајќи желба преговорите за него не се растегнат, туку да биде донесен уште следната година.
Европската комисија предложи на почетокот од мај нов повеќегодишен европски буџет за споменатиот период во износ од 1.135 милијарди евра во обврските, изразено во цените од 2018 година. Во актеулните цени, замајќи ја предвид инфлацијата, тоа би изнесувало 1.279 милијарди евра во обврските. Во плаќањата ЕК предлага 1.105 милијарди евра, изрзено исто така во цените од 2018 година. Во сегашните цени, земајќи ја предвид инфлацијата, тоа би изнесувало 1.246 милијарди евра во плаќањата. Предлогот е кохезискиет средства да се намалат за околу 6 проценти.
Тоа е, како што рече Шефчович, модерен, долгорочен и колку е можно урамнотеќен буџет, во кој се земени предвид и земјите членки и новите предизвици. Тој преставува рамнотежа меѓу амбициите и реалноста, истакна.