Пелегрини не е загрижен и покрај поразот од Ливерпул

И покрај непријатниот пораз на „Енфилд”, со кој осетно се намалени шансите за освојување на шампионската титула, менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини е убеден дека нема место за никаква паника и дека поразот од Ливерпул нема да има некакво влијание кога е во прашање борбата за победничкиот пехар.

„Моите фудбалери добро знаат што се очекува од нив до крајот на актуелната сезона. Загубивме на гостувањето во Ливерпул, но треба да одиграме уште шест натпревари и ќе се бориме до последното првенствено коло. Ако не успееме, нема да успееме поради фактот дека Ливерпул има забележано четри победи во последните четри натпревари од актуелната сезона. Знам дека нашите најверни фанови беа убедени дека ќе славиме и на Енфилд. Ако славиме во заостанатите натпревари, тогаш ќе имаме само еден бод помалку од Ливерпул. Имаме многу добра сезона и се надевам дека ќе завршиме во еден победнички стил”, изјави чилеанскиот стручњак.