Пелинце празно на Илинден: Народот испраќа порака до СДСМ (ФОТО)

Пелинце никогаш не било попразно. Неколку партиски делегации, 30-тина пензионери, а најбројни беа стотици полицајци во униформа и цивил. МПЦ не испрати свои претставници со што испрати силна порака до Зоран Заев и СДС, пишува „Курир“.

Погубните политики на СДС, кај граѓаните на Република Македонија наидуваат на се поголем отпор и револт. Доказ за тоа е и денешната прослава во Меморијалниот центар АСНОМ, Пелинце. Природните пространства на Пелинце денеска останаа празни. СДС се казнети и оставени сами на поинаков начин да ја научат лекцијата.

Покрај тоа што граѓаните ги казнија, на чествувањето во Пелинце не дојде ниту членството на СДС од Куманово, Скопје, Крива Паланка, Ранковце и Кратово.  Протоколот на настанот беше тотално фијаско, делегациите не биле информирани како ќе се одвива церемонијата. Старите и изнеможтени борци и ветераните останаа на силното сонце да чекаат додека да се снајдат одговорните.

Денешната порака која ја испратија граѓаните на Република Македнија и Македонската Православна Црква е силна порака до Заев и СДС, од нив зависи како ќе ја протолкуваат, истакнуваа пензионерите и борците кои беа таму.