
Актуелниот македонски шампион Пелистер в сабота ќе се соочи со големиот ривал Вардар во салата „Боро Чурлевски“, а притоа ќе има огромна поддршка од навивачите.
Битолскиот тим објави дека билетите за ракометното дерби се распродадени, па така салата ќе биде исполнета до последното место и домаќините ќе се обидат да направат пеколна атмосфера.
Вардар ќе тргне во плејофот со три бодови од првото место на табелата, додека Пелистер има два бода.
Дербито меѓу битолскиот и скопскиот гигант е закажано за сабота од 18 часот.