Пелистер играше добро во првото полувреме и создаде водство од пет гола (10-5), но Пик Сегед влезе во серија и набрзо ја стопи разликата за да стигне до прво израмнување (13-13). Битолчани не ја даваа предноста и на паузата заминаа со 19-18.
Почетокот на второто полувреме беше израмнет, по што почна серијата од седум гола на Пик Сегед (27-21) со кои го најави триумфот. Пелистер не се предаваше и за момент намали на три гола негатива (25-28), но набрзо домаќините се разиграа во нападот и ги искористија грешките на противникот за победа од 34-26.
Васиљев беше најдобар кај Пелистер со пет голови, додека најефикасен во редовите на Пик Сегед беше Шоштариќ со девет погодоци.
Пелистер е единствен тим во групата А без победа, односно седум порази по седум одиграни меча, додека Кил е прв со 10 бодови, а Алборг има еден бод помалку на втората позиција.
На останатите натпревари Алборг го декласира Кил со 27-18, додека Кјелце освои бод против Загреб (22-22).