![hosni pelister nekse](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/hosni-pelister-nekse.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го надиграа Нексе (27-23) и го освоија третото место на завршниот турнир во СЕХА лигата што се игра во Задар.
Македонскиот вицешампион го загуби првиот дел со 13-12, но во второто полувреме беше далеку подобар ривал на теренот на двете страни, играше квалитетно во нападот, цврсто во одбраната и го сврте натппреварот, играта во своја полза за бронза на овој ракометен настан.
Хосни со 6 гола, беше прв стрелец, додека голманот Лесјак запиша 12 одбрани. Кај поразените Мославац и Јелиниќ ја предводеа листата на стрелци со по 4 погодои.