Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси во средата му возврати на претседателот Доналд Трамп за острото отворено писмо во вторникот со идентична квалификација дека е „закана“ за американската демократија, додека длабоко поделените пратеници дебатираат за отповикувањето пред историското гласање за две обвинувања против Трамп за злоупотреба на овластувањата и за опструкција и конгресната истрага.
„Денеска сме тука за во полза на народот да ја браниме демократијата. Ако не дејствуваме сега, не би ја исполнле нашата должност. Трагично е што безобѕирните потези на претседателот го направија импичментот неопходен“, рече Пелоси.
Во Претставничкиот дом мнозинството го имаат демократите, па се очекува дека тие ќе гласаат по партиска линија, односно за постапка за отповикување на републиканскиот претседател.
„Не ни даде избор. Она за што деенска разговараме е ноторен факт дека претседателот го прекршил уставот. Факт е дека претседателот е постојана закана за нашата национална безбедност и за интегритетот на нашите избори, темелот на нашата демократија“, рече Пелоси.
Демократите го обвинуваат претседателот за злоупотреба на својата позиција поради барањето Украина да го истражува вмешаноста во истрага за корупција на неговиот евентуалниот противник на претседателските избори, Џо Бајден, наводно со условување за воената помош. Го обвинуваат, исто така, за попречување на истрагата на Конгресот.
Доколку Претставничкиот одм ги потврди обвинувањата, процесот продолжува во јануари со судење во Сенатот каде што мнозинството го имаат републиканците, па речиси е неверојатно дека Трамп на крајот ќе биде отповикан. Во Сенатот, имено, потребно е двотретинско мнозинство за претседателот да биде отповикан.
Ова ќе биде третиот обид за отповикување на претседателот во историјата на САД. Американскиот устав ја предвидува можноста за отповикување на шефот на државата поради „сериозни злосторства и прекршоци“. Ниеден американски претседател досега не бил отповикан по овие основи. Во случајот на Ендрју Џонсон во 1868 година и на Бил Клинтон во 1998-та Сенатот го отфрли обвинувањето, а Ричард Никсон во 1974 година самиот се повлече од должноста пред да биде отповикан.