Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, ќе допатува во тајванската престолнина Тајпеј на 2-ри август во вечерните часови а следниот ден ќе се сретне со челниците на островската земја, пишува во понеделникот тајванскиот информативен портал ETtoday.
Според информациите кои ги поседува порталот, еден од највисоките државни функционери во САД и трет во сукцесискиот ред во претседателството, придружувана од делегација од 20-ина лица би требало да слета околу 22,30 часот по локално време, околу 18,30 по македонско време, на аеродромот Сонгшан крај Тајпеј. Пелоси ќе ја мине ноќта во хотелот „ Grand Hyatt“, а утрото во средата на 3-ти август ќе го посети Законодавниот јуан (парламентот на Тајван) ќе се сретне со тамошното водство, вклучително и со началникот на Генералштабот, Цаи Инг-вен.
Истиот ден, се додава во информацијата, Пелоси наводнооколу пладне ќе го напушти островот со авион.
Кина ги гледа посетите на високи американски функционери на Тајван, што Вашингтон го избегнува а Пелоси е третиот функционер во сукцесискиот ред на американското претседателство, како испраќање охрабрувачки сигнали за заговорниците на независноста во Тајпеј.
САД со децении се придржува до договорот со Пекинг за почитување на начелото „една Кина“ и нема официјални дипломатски односи со Тајпеј, но според своите закони должни се на Тајван да му „обезбедат средства за самоодбрана“, што подразбира финансиска и помош во оружје.
Кинескиот Кси Џипинг во телефонскиот разговор во четвртокот го предупреди својот американски колега по должност Џо Бајден дека Вашингтон би требало да се придржува до принципот за „една земја со два система“, како и дека „оние коишто се играат со оган поради тоа ќе страдаат“.
Бајден се обиде да ги примири Кси велејќи дека американската политика кон Тајван не е изменета и дека Вашингтон „силно се противи“ на „едностраните напори да се промени статусквото или да се поткопа мирот стабилноста во Тајванскиот теснец“.
Портпаролот на кинеското воено воздухопловство Шен Џинке порача дека Пекинг „решително ќе го чува националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, пренесоа кинеските медиуми.
Шен на воен воздухопловен митинг рече дек Кина има „многу видови борбени авиони“ коишто се способни да кружат околу „драгоцениот остров на нашата татковина“. Порача дека кинеските „воздухопловни сили имаат цврста волја, многу доверба и доволно способности за одбрана на националниот суверенитет и територијален интегритет“.
„Подгответе се за војна“, објави Народноослободителната армија на Кина, која годинава одбележува 95-години од формирање, на кинеската социјална мрежа Weibo.
Влијателниот кинески политички коментатор Ху Ксиџин во саботата објави дека морал да го избрише твитот со предупредувањето дека Кина воено ќе реагира доколку американски борбени авион ќе ја следат Ненси Пелоси при посета на Тајван, откако Twitter го блокираше неговиот профил.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, во петокот изјави дека САД не виделе никакви докази за заканувачки кинески воени активности против Тајван.
Меѓутоа, кинеската армија во саботата одржа еднодневни воени маневри со боеви гаѓања во областите во близина на брегот на источната провинција Фуџијан, лоцираа преку теснецот директно наспроти Тајван, како и и во западниот дел на теснецот Чионгжу, кој ја дели јужната провинција Гуангдонг од островот Хианан, како и во акваториумот југоисточно од островот Даваншан, јужно од брегот на Гуангдонг.