Пелоси повика на дипломатски бојкот на Олимпијадата во Кина

Претседателската на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, повика во вторникота на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри кои во 2022 година ќе се одржат во кинеската престолнина Пекинг, кртикувајќи ја Кина за кршење на човековите права.

Една од водечките личности во Демократската партија оцени дека светките челници коишто ќе присуствуваат на игрите ќе го „загубат својот морален авторитет“.

„Доколку шефовите на државите доаѓаат во Кина одека геноцидот е во тек, навистина се поставува прашањео како морален авторитет би имале кога повторно би зорувале за човековите права каде и да е на светот“, рече Пелоси.

Портпаролот на кинеската амбасада во Вашинготн, Лиу Пенгиу, изјавил во вторникот за Reuters дека американските обиди за ешање во внатрешните односи на Кина околу олимписките игри се осудени на неуспех.

„Се прашувам поради што некои американски политичари мислат дека всушност имаат таканаречен морелен авторитет?! Кога станува збор за прашањето на човековите права, тие не се во позиција, ниту историски ниту моменталн, да даваат безобѕирна критика против Кина“, изјавил Лиу.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4-ти до 20-ти февруари 2022 година.

Претходно во април годинава портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека државата со сојузници и партнери разговара за можноста за бојкот на зимската олимпијата во Пекинг.

„Дел од нашиот пристап кон оваа Олимпијада ќе вклучува тесна консултација со нашите партнери и сојузници ширум светот. Има уште време до игрите. Не сакам да поставам никаква временска рамка, но дискусијата е веќе во тек“, изјави тогаш Прајс за спротската мрежа ESPN.

САД може да ги бојкотираат игрите во Пекинг под орбзложение за кршење на правата на Ујгурите, како и на жители на покраините Монголија и Тибет. На 6-ти февруари беше објавено дека Норвешка презела иницијатива за бојкот на ЗОИ во Кина.

Независна компсија на Обединетите нации извести во 2018 година за најмалку милиони Ујгури кои се наоѓаат во кампови во кинеската провинцијата Ксинџијанг-Ујгурија. Пекинг овие кампови ги опишува како центри за стручно оспособување за сузбивање на муслиманскиот екстремизам кај ова пратурско население и решително ги отфрла обвинувањата за злоставување и геноцид.