Една од водечките фигури во Демократската партија и претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во четвртокот се заложи против одржувањето на вообичаените јавни телевизиски соочувања меѓу кандидатот на нејзината партија Џо Бајден и републиканскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на почетокот на официјалната кампања за претседателските избори на 3-ти ноември.
Пелоси, која ја претставува сојузната држава Калифорнија, своите заложби одговарајќи на новинарско прашање ги правдаше со наводните манири на републиканскиот претседател.
„Јас сметам дека не треба да има никаква дебата (…) Знам дека предизборниот штаб на Бајден поинаку размислува за ова“, смета Пелоси, којашто ја зазема третата должност по значење во политичката хиерархија во САД. Таа семта дека однесување на Трамп во текот на дебатите „ќе биде под достоинството на претседателската должност“.
Од друга страна, самиот Бајден во неколку наврати изјави дека „не може да ги дочека“ дебатите со актуелниот претседател. Последното директно соочивање Бајден го имаше пред почетокот на епидемијата на коронавирусот во САД со неговиот противник во борбата за демократската претседателска номинација Берни Сандерс пред речиси половина година. Покрај тоа, Бајден ги избегнува директните контакти со медиумите, неоставајќи простор и време за новинарски прашања во неговите ретки директни обраќања пред аудиториум.
Трамп повеќепати истакнува дека специјално не се подготвува за претстојната серија телевизиски соочувања со демократскиот противкандидат. Честопати Трамп алудирајќи на возраста на 77-годишниот Бајден, изјавуваше дека „успех ќе биде долку тој успее да ја издржи целата серија телевизиски соочувања“.
Трамп е речиси четири години помлад од својот најверојатен ривал, кој на 20-ти ноември ќе наполни 78 години. Републиканецот често ја доведува во прашање менталната способност на Бајден, поради неговите чести грешки и гафови во говорите.
„Но не станува збор за возраста на Бајден. Познавам луѓе кои се многу постари од мене, но делуваат како да имаат 25 години“, изјави Трамп на почетокот од јули во интервјуто за весникот The Wall Street Journal. Како примери за тоа ги посочи 91-годишниот основач на продажниот синџир „Home Depot“, Бернард Маркус, и 86-годишниот милијардер Шелдон Аделсон, клучниот спонзор на републиканците.
Имајќи ја предвид ситуацијата со ширењето на коронавирусот во САД и спецификите на изборната трка, единствената можност за директно соочување меѓу Трамп и Бајден се претстојните есенски три телевизиски дебати. Првата тв-дебата меѓу Трамп и Бајден е закажана за 29-ти септември во Кливленд во Охајо, втората на 15-ти октомври во Мајами на Флорида, а третата на 22-ри октомври во Нешвил во сојузната држава Тенеси.
„Мислам дека не е потребно да се одржат никави дебати… Сметам дека тој (Трамп) ќе се однесува под нивото на претседателското достоинство“, истакна Пелоси.
Според неа, наместо соочувања, кадидатите треба само да одговараат на прашањата на „американскиот народ“ говорејќи на различни места.
Трамп и неговиот изборен штаб редовно прават шеги на сметка на Бајден, бидејќи тој не излегуваше од својата куќа во Вилмингтон по наглото прекинување на кампањата во средината на март поради коронавирусот.
Кампањата на Трамп, исто така, ги доведува во прашање и менталните способности на противникот и тврди дека Бајден се крие во подрумот од неговата куќа за да не го види никој. Познат по гафовите и грешките во импровизираните говори, Бајден ги отфрла овие обвинувања и вели дека „нестрпливо“ го очекува соочувањето во трите дебати со Трамп за да расчистата „кој е попаметен“.