Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, пристигна во Тајван и нагласи дека„ посветеноста на Вашингтон за демократски Тајван е поважна од кога и да е“, а Пекинг веднаш објави дека подготвува, а од Пекинг одговорија со испраќање борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија полетаа во правец кон Тајван, и најава на маневри со боева муниција и ланисрање проектил во Тајванскиот теснец.
„Посетата на нашата конгресна делегација е показател за недвосмислената американска поддршка за демократијата на Тајван“, напиша Пелоси на Твитер.
Наведе дека во разговорите со лидерите на Тајван „ќе биде повторена поддршката за американските партнери и ќе биде промовиран заеднички интерес, вклучително и унапредување на слободниот и отворен индо-пацифички регион“.
„Нашата посета не е прва, делегации на Конгресот дојдоа во Тајпеј и претходно. Ова на никаков начин не е во спротивност со американската политика, која е водена од Законот за односи со Тајван од 1979 година“, напиша Пелоси.
Законот за односи со Тајван од 1979 година ги регулира односите на САД со островот, не бара од САД да интервенираат воена во случај на кинеска инвазија, но наложува Тајван да добие ресурси за да се брани, како и да спречи какви било унилатерални промени во неговиот статус од страна на Пекинг.
Веднаш по објавувањето на информацијата дека авионот со Пелоси и делегацијата којашто ја придружува на азиската турнеја слетал во Тајпеј, кинеските медиуми објавија дека командата на Источната зона на кинеската армија најавила дека во вторникот вечерта ќе започне низа воени операции во близина на Тајван.
Маневрите, покрај другото, вклучуваат и боево гаѓање на долги дистанци во водите на Тајванскиот теснец како и тестирање на некулеарен проектил, објави весникот Global Times, кој се смета за гласило на кинеската комунистичка партија на англиски јазик.
Претходно во вторникот беше објавено дека кинеската армија од утрото ги започна воените вежби во водите на Јужнокинеското Море во период на регионалната ескалација поради најавената посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот конгрес, Ненси Пелоси, што Пекинг го смета за опасна провокација и повреда на кинескиот суверенитет.
Командата за поморска безбедност на Кина објави дека воените маневри во областа на Јужнокинеското Море во близина на Тајванскиот теснец започнале во 00.00 часот на 2-ри август и ќе траат до 24.00 часот на 6-ти август по локално време, поради што е забрането пловењето на сите видови пловила во таа област.
Кинеската армија не открива кои видови војска ќе бидат ангажирани, а исто така не прецизира како вид маневри ќе бидат спроведувани.
Минатата седмица, кинеската воена морнарица одржа маневри со боеви гаѓања во близина на брегот на источната провинција Фуџијан, лоциран преку теснецот директно наспроти Тајван. Покрај тоа, кинеската армија спроведе и вежби во западниот дел на теснецот Чионгжу, кој ја дели јужната провинција Гуангдонг од островот Хианан, како и во акваториумот југоисточно од островот Даваншан, јужно од брегот на Гуангдонг.
Ваквите маневри со стрелби боева муниција се одржуваат и од 1-ви до 4-ти август во водите на заливот Бохан на истокот на земјата, а штотуку завршија вежбите на трупите од источните и јужните зони на борбената команда на кинеската армија во Источна Кина и Јужнокинеското Море.
Посетата на Пелоси на Тајван предизвика жестоки осуди од Кина, која започнува воени маневри во истиот акваториум, а САД истовремено распоредуваат четири воени бродови, меѓу кои и носач на авиони, кои се позиционираат во водите источно од островот во „рутинско“ распоредување.
Носачот на авиони „USS Ronald Reagan“ го мина Јужнокинеското Море и моментално плови во ткн Филипинско Море, источно од Тајван и Филипини, и јужно од Јапонија, соопштија во вторникот од американската воена морнарица. Ова пловило, инаку, постојано е стационирано во Јапонија, а е придружувано од ракетниот крстосувач „USS Antietam“ и разурнувачот „USS Higgins“.
Многу регионални безбедносни коментатори ги поврзуваат активностите на кинеските војски не само со прославите по повод 95-годишнината од формирањето на Народноослободителната армија на Кина, туку и со азиската турнеја на Ненси Пелоси, која според најавите во вторникот вечерта треба да допатува на Тајван, кого Пекинг го смета за своја одметната покраина и посетата ја смета за американска провокација и нарушување на кинескиот суверенитет.
Кинеското министерство за надворешни работи остро ја осуди посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД баТајван, и покрај предупредувањата од кинеската страна. Министерството наведува дека упатило протест до американската страна.
Кинескаа дипломатија навведе дека посетата испраќа „погрешни сигнали до сепаратистичките сили“ кои бараат „независност на Тајван“. Посетата на Ненси Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“, се посочува во соопштението.