Пелоси во Ерменија го осуди „нелегалните напади“ од Азербејџан

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, остро ги осуди „азербејџанските нелегални напади“, како што рече на ерменската територија на границата, а во текот на својата посета на земјата во којашто Русија со присуство на нејзина воена база ја гарантира нејзината безбедност, и вети „американска поддршка за ерменскиот суверенитет“.

Пелоси во Ереван изјави дека нејзината посета е „особено е важна во текот на нелегалните и смртоносни напади на Азербејџан врз ерменската територија“.

Во пограничните судири меѓу Ерменија и Азербејџан оваа седмица загинале повеќе од 200 војници, според објавите од петокот од двете страни. Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за судирите во спорниот регион Нагорно Карабах, најсмртоносните по шестдневната војна од 2020 година, кога загинаа илјадници луѓе..

Прекинот на огнот договорен со посредство на Москва, ги прекина борбите во средата ноќта, но ситуацијата на границата и натаму е тензична. Русија порача дека ќе изврши притисок на двете конфронтирани страни да ги повлечат своите сили на позиции на коишто биле пред избувнувањето на судирите претходно седмицава.

„Силно ги осудуваме овие напади… Тоа го започнаа Азерите и тоа мора да се признае“, порача Пелоси.

Оцени дека било јасно дека пограничните судири го започнал Азербејџан врз Ерменија и дека била јасна хронологијата на судирите.

„САД ја слушаат Ерменија за нејзините одбранбени потреби“, рече Пелоси додавајќи дека Вашингтон сака да помогне и да ја поддржи Ерменија во рамките на „глобалната борба меѓу демократијата и автократијата“.

Пелоси всушност јасно алудираше повторувајќи ја мантрата на западните политичари во врска со нивното спротиставување со Русија, Кина но и Турција која е активен фактор во ерменско-азербејџанскиот конфликт.

Пелоси исто така изрази незадоволство од договорот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), во кој доминира Русија, кога наводно Ереван побарал помош. Но всушност, овој безбедносен блок на поранешните советски републики самиот реагираше на најновиот судир во Нагорно Карабах за смирување на судирот.

„Многу сме разочарани, секако. Не се исполнија нашите очекувања“, изјави на јавната телевизија претседателот на парламентот Ален Симонјан, споредувајќи ја ОДКБ со „пиштол без куршуми“.

Пелоси се надоврза дека е „интересно што Ерменија е разочарана од одговорот на воениот сојуз под руско водство“.

 

Пелоси, пристигна во саботата во посета на Ерменија, која деновите е потресена од новиот конфликт со Азербејџан околу енклавата Нагорно Карабах во чиешто смирување вообичаено влијаеше Русија, како и од протестите на опозицијата во Еревеан со која се бара смена на власта.

Ненси Пелоси беше во центарот на геополитичките тензии меѓу Кина и САД во август, кога и покрај жестокото противење на Пекинг, го посети Тајван, како прв највисок американски политичар, втората личност во претседателскиот ред, кој по 25 години го посети островот кој кинеската страна го смета за своја отцепена покраина.

Ненси Пелоси е највисоката американска функционерка која ја посетила Ерменија, која вековно се смета за традиционално руска сфера на влијание, којашто ја посетила кавкаската земја по прогласувањето на независноста во 1991 година, оцени дека нејзината посета е „силен симбол на решителниот ангажман на САД кон мирна, просперитетна и демократска Ерменија и сугурен и стабилен Кавказ“.

Кавказот, инаку е традиционално невралгични подрачје преку кои се прават обиди за дестабилизација и на Русија. Ереван, исто така, одржува и долги политички врски со Франција, а политичките коментатори како една од причините за превирањата во ерменската политика го сметаат токму политичкото кокетирање со САД последните години.

Тридневната посета на Пелоси „ќе има голема улога во гарантирањето на нашата безбедност“, изјави претседателот на ерменскиот парламент Ален Симонјан за новинарите пред нејзиното пристигнување.

Пелоси допатува во моментот кога во регионот, стратешки важен за пренесување на гасот и нафтата од Каспиското Море, јакнат тензии со Азербејџан кого го поддржува Турција којашто сѐ повеќе се промовира во регионален фактор, како и Русија којашто ја гарантира безбедноста на Ерменија и на нејзина територија има воена база, но одржува добри односи и со Азербејџан.

Губењето територии пред две години во ерменската енклава Нагорно Карабах во полза на Азебрејџан кого го вооружи Турција а според Ереван акцијата ја воделе и турски офицери, некои политички аналитичари сметаат дека е токму поради пасивноста на Москва како реакција на зачестените политички контакти на Ерменија со САД. Анкара, од друга страна, пак, го поставува прашањето зашто турската територија е опколена со американски воени бази, и стравува дека таква би можела да биде воспоставена и на ерменска територија.

Западот, пак, без поголеми успеси, во ерменско-азербејџанскиот конфликт, како и во случајот на Украинската граѓанска војна до 2014 година, е ангажиран преку ткн Минска група и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Во пограничните судири меѓу Ерменија и Азербејџан оваа седмица загинале повеќе од 200 војници, според објавите од петокот од двете страни. Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за судирите во спорниот регион Нагорно Карабах, најсмртоносните по шестдневната војна од 2020 година, кога загинаа илјадници луѓе..

Прекинот на огнот договорен со посредство на Москва, ги прекина борбите во средата ноќта, но ситуацијата на границата и натаму е тензична. Русија порача дека ќе изврши притисок на двете конфронтирани страни да ги повлечат своите сили на позиции на коишто биле пред избувнувањето на судирите претходно седмицава.