Пемова: Бројот на иселени лица што го користи СДСМ е за 50 години наназад

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова, во реплика на пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ порача до пратениците од СДСМ да престанат да манипулираат со јавноста и да изнесуваат неточни информации.

Имено, Певова се осврна на бројката од 447 000 граѓани кои што се иселиле, а СДСМ со сите сили се обидува да го претстави дека тоа е бројка од последните 10 години додека на власт е ВМРО-ДПМНЕ.

И вие и вашите предходници, упорно продолжувате да манипулирате за бројката на иселени од Република Македонија и за тоа да ја обвинувате актуелната Влада. Се надевав дека барем вие ќе понудите и некоја алтернатива за намалување на иселувањето, но и вие како и останатите ваши колеги останавте само на критики. Почитуван колега со оваа информација веќе два дена упорно се обидувате да палсирате една голема невистина и лага дека за овие 10 години од Република Македонија се иселиле вкупно 447 000 граѓани како резултат на економските политики на оваа власт. Сакам да кажам дека податокот со кои што манипулирате е од еден стар извештај на Светска банка и намерно погрешно го интерпретирате. Во тој извештај јасно стои дека бројката од 447 000 лица кои во светот се изјасниле дека потекнуваат од Република Македонија е вкупен број на иселени лица во период од 50 години заклучно со 2010 година. Значи, 447 000 граѓани се иселиле за период од 50 години. Треба да ја кажете колега оваа информација и да не манипулирате со јавноста.