Пендаровски ја пречека Османи во „Вила Водно“

Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во „Вила Водно“.

Пендаровски и Османи-Садриу, која е во официјална посета на земјава, ќе има тет-а-тет средба, по што предвиден и пленарен состанок на двете делегации.

По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

За време на официјалната посета, Османи-Садриу ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Утре косовската претседателка ќе престојува во Тетово, каде што ќе се сретне со тетовскиот градоначалник Билал Касами.