Од штабот на претседателскиот кандидат на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски прво се согласиле, па се предомислиле во врска со денешното соочување со противкандидатката на оопоициската ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова, информираат од телевизија Алфа.
„Почитувани, од почетокот на кампањата за претседателски избори, телевизија Алфа професионално известува за кампањата на кандидатите. Во таа насока се и извештаите од Агенцијата за медиуми.
Во првиот круг од претседателските избори, телевизија Алфа се одлучи за индивидуални претставувања на кандидатите преку интервјуа во рамките на емисијата Отворено.
ТВ дуелот на двајцата кандидати кои би влегле во вториот круг, го планиравме за вториот дел од кампањата. Токму затоа уште во текот на првиот дел од кампањата, телевизија Алфа ги покани кандидатите за ТВ соочување со наведени датуми и термини согласно нашата програмска шема, при што добивме потврден одговор од сите штабови на кандидати кои ги поканивме.
Кога заврши првиот изборен круг, телевизија Алфа емитуваше рекламен спот со најава со однапред договорениот термин, за тв соочување меѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски, кандидатите кои ја продолжија претседателската трка.
Но од необјасниви причини, уште првиот ден од емитувањето на рекламниот спот, од штабот на кандидатот Стево Пендатовски нѐ известија дека тој сепак нема да присуствува на тв дуелот. Тв Алфа побара објаснување, но до денеска, не доби.
Телевизија Алфа ќе продолжи професионално да известува за претседателската кампања и за сите активности на кандидатите“, се вели во соопштението на телевизијата.
Минатата седмица беше откажано телевизиското соочување на двајцата претседателски кандидати на телевизијата Телма, кога изборниот штаб на Пендаровски беше демантиран во неговото образложение дека не била одбиена телевизиската дебата.
Ваквата стратегија на штабот на Пендаровски најверојатно се должи на инфериорноста на кандидатот за шеф на државата на власта во соочувањата со Силјановска Давкова. Тоа имено го покажаа анкетите на социјалните мрежи според кои Силјановска Давкова убедливо го добила дуелот од 25-ти април со Пендаровски. Според 76 отсто од нив Силјановска била подобра во првото ТВ соочување, додека 24 проценти сметаат дека Пендаровски бил подобриот во дебатата.