Пендаровски: Чекањето на вакцините може да го одложи пописот

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во интеврју за Канал 77 рече дека чекањето на вакцините би можело да го одложи терминот за одржување на пописот за месец или два.

Само поради аргументите на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, дека поради пандемијата може нема да ви отворат… Ако тоа е проблем, чекајќи ги вакцините, поради страв кај некои граѓани, заради пандемија само, зошто не би го одложиле на месец или два?! Пописот ни е потребен, проблем не е законот, туку терминот. Ако е проблем короната, може владата да размислува за одлагање за месец – два, рече Пендаровски.