Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 го кажа својот став и за една изборна единица.
Тој рече дека и тој е за тој став, но дека не треба да се ограничи прагот на 3-4%.
„Мој предлог би бил да се оди со отворени листи или со полуотворени, и да се оди со една изборна единица, и тука постои една замка.
Ако Македонија е една изборна единица, не треба да се стави прагот на 3-4%. Треба да има еден природен праг. Колку луѓе излегуваат, толку пратенички места. На пример ако излезат на гласање 1,2 милиони граѓани, 120 пратеници, едно пратеничко место е 10 илјади гласови“, рече Пендаровски.