Пендаровски ги прими членовите на преодната Влада

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва, по завршувањето на седницата во Собранието за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, во својот Кабинет ги прими членовите на новиот состав на Владата.

На членовите на преодната Влада, претседателот Пендаровски им посака ефикасно работење и успешно спроведување на претстојните парламентарни избори.