5.8 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2024

Пендаровски го прими ученикот Вања Ѓорѓиоски од Прилеп

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Вања Ѓорѓиоски, ученик во шесто одделение од Прилеп, кој освои прво место на олимпијадата по англиски јазик Хипо (Hippo English Language Olympiad).

Во финалето на натпреварот, што се одржа од 28 до 30 септември во Рим, Италија, Ѓорѓиоски освои златен медал во категоријата „Хипо 1“ во конкуренција на 28 ученици од целиот свет.

Претседателот Пендаровски упати честитки до Ѓорѓиоски за големиот успех, постигнат во конкуренција со кандидати од 54 земји и со учество на 184 ученици во финалните рунди на натпреварувањето.

Хипо е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји.