Пендаровски и Ковачевски се расправаат кој треба да ѝ се јави на грчката претседателка, a кај Лерин се појави нова табла за граница со безимена држава

Додека Ковачевски и Пендаровски се препираат околу тоа кој треба да побара од грчките власти дозвола за пролонгирање на рокот за личните документи Грција не губи време.

Откако нашите власти срамежливо и со пола уста говореа дека на таблите низ северот на Грција има навредливи табли со „скопиа“ и ФИРОМ, јужниот сосед отиде чекор подаелку. Во близина на граничниот премин Ники кај Лерин осамна табла на која стои само „Border station„ без да се наведе државата кон која се патува.

Пендаровски денеска изјави дека нема надлежност да и се јави  на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и да побара дозвола македонските граѓани да продолжат да ги користат важечките лични документи.