
За падот на дронот од Украина во Хрватска се води истрага и во НАТО, настрана од кривичната која се води во Хрватска, рече во петокот вечерта претседателот Стево Пендаровски во интервју во ТОП ТЕМА.
За денешниот дрон вели дека тој е помал од малите авиони, има мала рефлексија на радарите и лета ниско.
„Македонија има системи, сепак, тие не се доволни, а нашето небо го обезбедуваат други држави кои имаат подобри системи“, речеи Пендаровски.
„Македонија сама не може да детектира таков дрон и не би можеле да го срушиме на време, сепак во вакви судири каде голема земја напаѓа исто така голема територија како Украина можни се намерни и ненамерни случаи“, посочи претседателот Пендаровски.