Пендаровски можеше да ги спречи измените на кривичниот законик

Претседателот Стево Пендаровски можеше да ги  спречи измените на Кривичниот законик и да го врати законот на повторно разгледување, но тој ги потпиша за да  им се додвори на Димитар Ковачевски и на Али Ахмети, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Од партијата велат дека Пендаровски  можеше да го врати законот на повторно разгледување, но тој реши слепо да ги исполнува командите на Ковачевски и Ахмети

„Со потпис на измените на КЗ Пендаровски буквално ги аболицираше сите функционери од СДС и ДУИ кои изминатиов период ја злоупотребувале службената положба и овластување“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Пендаровски е директно виновен за хаосот во државата и деградирањето на правото.