Пендаровски на 22-ри декември ќе се обрати во парламентот

Претседателот на државата Стево Пендаровски на 22 декември ќе го одржи своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Како што е објавено на веб-страницата на Собранието, обраќањето на претседателот на државата Пендаровски на 96. седница закажана за 11:00 часот.

Претседателот на државата традиционално секоја година одржува говор пред пратениците пред крајот на календарската година во кое изнесува свои ставови во врска со актуелните случувања во земјата и светот.

(МИА)