На денешната прес конференција ќе покажеме зошто на Македонија не смеат да и се повторат ниту Стево Пендаровски, ниту СДС. Изминативе 7 години со СДС и 5 со Пендаровски беа понижување за нацијата и државата, кажа Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов „љубави“.
Токму ова е пример како не треба да се однесува претседателот на Македонија.
Со љубави за Бојко стасавме до вето за Европската Унија од Бугарија. Некако љубовта на Пендаровски невозвратена.
Пендаровски наместо со достоинство и со интегритет да ја застапува државата и да ги гради односите, тој со понизност и несериозност ја руши сликата за земјата.
Од големата „љубов“ на Пендаровски со Бојко остана корпата која ја доби од бугарскиот политички врв и бугарскиот диктат.
На Македонија не и треба претседател кој ќе биде понизен пред странските претставници, туку пред народот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.