Пендаровски настапува како кандидат за премиер, оцени Боцевски

Најинтересно за мене од почетокот на кампањата за претседателските избори, е што гледаме дека СДСМ има нов лидер. Тоа е Стево Пендаровски, рече поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма. „

Очигледно е дека тој ја води кампањата на СДСМ за парламентарните избори. Во центарот на кампањата на СДСМ за парламентарните избори е Стево Пендаровски. Тој зборува како кандидат за премиер, тој му се обраќа на Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски никаде го нема“, рече Боцевски.

„Пендаровски ја прави мобилизацијата на гласачите на СДСМ и во моментот го глуми Зоран Милановиќ“.

Боцевски смета дека кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска води две битки против историјата на Македонија, затоа што досега ниту еднаш не била избрана жена за претседател и затоа што кандидат на опозицијата никогаш досега не бил избран за претседател.