
На денешната претседателска дебата, меѓу професорката Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река на Телма кандидатот на СДСМ, Пендаровски беше запрашан дали може да се промени Договорот од Преспа на што Пендаровски го даде следниот одговор:
„Не гледам проблем што институциите се преименувани во национални. Вие ќе морате со некоja утрешна грчка Влада да ги убедите дека треба повторно да го отворите тоа прашање и да препрeгoварате и дали со таков нов догoвот ќе направат да стои македонски јазик бидејќи и сега придавките македонски и кодовите МК и сега ги има не знам што би било подобро , а притоа тој Договор да го ратификуваат во грчкиот Парламент“, рече Пендаровски.
Пендаровски во дебатата на Телевизија Телма изјави дека нема ништо спорно од законски аспект премиерот Зоран Заев и министрите од Владата кои го подржуваат да учествуваат во кампањата.
„Од етички аспект, да, но законски не е спорно се додека не се користат државни ресурси. Досега не се користени, нема ни во иднина“, рече Пендаровски.
Кандидатот на владејачките партии ја праша противкандидатката Гордана Силјановска Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент.
„Не ми е јасно како Силјановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува. Можно е менување на Договорот од Преспа, но потребна е согласност од двете страни. Еве нека каже Силјановска како планираат да го сменат, дали да издејствуваат признавање на македонскиот јазик што веќе е издејствувано, што подобро ќе направат од овој Договор, а во истовреме ќе биде ратификувано и во грчкиот парламент?“, праша Пендаровски.