Пендаровски не го прифаќа Самарас за медијатор

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија 24 во однос на предлогот на  Грција да биде медијатор во преговорите со Бугарија рече дека не е против, но, како што рече, двете страни треба да бидат согласни дека медијаторот ќе биде независен.

– Немам против Грција да биде медијатор во решавањето на проблемот со Бугарија, но во овој случаи Бугарија ќе има поголем проблем со медијацијата бидејќи има еднодимензионални гледања кон историјата. Знаеме од преговорите за Преспанскиот договор како гледа  Грција на одделни делови од историјата на овие простори. На проимер јас не би го  прифатил Андонис Самарас да биде тој што ќе биде назначен за медијатор. Тој има тврди позиции кон одделни прашања поврзани со историјата и преговарањето би одело многу тешко  – рече Пендаровски.

Тој додаде дека ниту една држава од соседството и Балканот не може да биде медијатор во решавањето на проблемот.

-. Медијатори може да биде само  доволно моќни глобално перцепирани држави како САД или неутрални и независни како скандинавските земји. Медијатор може да биде само  ако двете страни се согласат 100 отсто дека е независен- рече Пендаровски.