Уверен сум дека граѓаните нема да дозволат изолација која ќе ја има ако триумфира кандидатот на опозицијата, рече во понеделникот вечерта во Прилеп консензуалниот кандидат на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.
„Нивната концепција е изолација, поништување на Преспанскиот договор, и целосна изолација. Затоа не смееме да се коцкаме со иднината на државата. Ова што досега е направено и на меѓународен план, и на внатрешен план во делот на внатрешната кохезија кои оваа влада ги направи, не смееме да ги ставиме под ризик“, изјави Пендаровски пред граѓаните во Прилеп.