Пендаровски: Не сум користел странски компании за правење анкети, стратегии

Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти, напиша на Фејсбук претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Така ќе биде и за време на претседателската кампања 2024, нема да се користат ниту странски, ниту домашни комуникациски експерти, ниту пак ќе се нарачуваат анкети. Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се насочат кон нивните сопствени стратези и анкетари и нека си ги прочитаат анкетите во кои очигледно стои дека во вториот круг победник на претседателските избори е Стево Пендаровски. Александар Николоски најверојатно е последниот функционер од ДПМНЕ кој треба да разговара за мојата плата. Нема поголема перверзија за криминал да обвинува вториот човек на партијата која со години е синоним за организиран криминал и чија сметка со години е блокирана, истакна Пендаровски.