Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа во четвртокот вечерта рече дека се согласува со предлогот на претседателот на државата Стево Пендаровским бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата, но тоа не значи дека тој ќе ги испере со неговата изјава сите негови грешки.
„Тој за период од една година се просветли па се сети на ваташките младинци. Сведоци бевме дека владејачкото мнозинство Џамбаски го нарече маргиналец за кој нема потреба да се дискутира. Тој е европратеник и каде и да даде изјава, да нема реакција од страна на нашите надлежни институции, е несфатливо. Ако може една Бугарија да реагира жестоко на еден настан во Охрид, што да очекуваме од страна која прифати измени во Уставот со кој се откажа од македонските граѓани во останатите држави? Предупредувавме дека до ова ќе дојде.- рече Стојаноска.