Пендаровски нема да ги потпише законите ако се кршат граѓански права

Пратениците да го преиспитаат носењето на деветте т.н Бехтел и Енка закони бара Аниткорупциската комисија. Во дописот до Собранието укажуваат дека носењето по скратена постапка ги руши постулатите на правната држава, не остава простор за јавна расправа и ги зголемува ризиците за корупција, сметаат од ДКСК

СО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕТ ВО СКРАТЕНА ПОСТАПКА СЕ ЗАДИРА ВО ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ МЕЃУ КОИ И РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА, ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ, ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ДРУГИ. ОТТАМУ, НЕОПХОДНО Е ПОШИРОКА ЈАВНА РАСПРАВА СО ЦЕЛ ДА СЕ НАМАЛАТ РИЗИЦИТЕ ОД МОЖНИ ЗЛОУПОТРЕБИ, РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈАТА, КАКО И РИЗИЦИТЕ ОД ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЧИЈА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ЌЕ СОЗДАДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРОБЛЕМИ, ПОСОЧУВААТ АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ.

Повторното оживување на прекувремената работа нѐ враќа во федурализмот , реагираат од Гласен текстилец за измени на законот за работни односи, за потребите на изградбата на коридорите 8 и 10.  Бараат пратениците да не гласаат за измените на Законот за работни односи со кои ќе се воведе прекувремена работа за работниците, и потсетуваат дека уставен еднаш спречи воведување прекувремената работа.

Уставниот суд летоска го укина членот 12 од специјалниот закон со кој беше избран конзорциумот Бехтел и Енка да ги гради автопатите. Со тој член се овозможуваше  работното време да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината за работниците на коридорите, со нивна согласнот.

Но овој пат власта прекувремната работа ја предлага во иземните на законот за работни односи, кој е еден од деветте што се најдоа на денешната седница. Со тоа прекувремената работа ќе може да трае подолго од пропишаните осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно.

Од владата тврдат дека законите не се спротивни на доброто владеење

ОВИЕ ДЕВЕТ ЗАКОНИ ПРАКТИЧНО ПРЕТСТАВУВААТ УСОГЛАСУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА СО ЦЕЛ ДА МОЖЕ ПРОЕКТОТ ДА СЕ ЗАВРШИ ВО ПРЕДВИДЕНИОТ РОК ОД ПЕТ ГОДИНИ И ДА БИДЕ ТОА НАПРАВЕНО НА ЗАКОНИТ НАЧИН, СМЕТА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ.

Претседателот Пендаровски вели ги следи реакциите во јавноста а ги ангажитал и правниците од неговиот кабинет. Иако се предложени по скратена постапка очекува да има дебата во Собранието и да се предложат амандмани. Дали ќе ги потпише указите ќе зависи од финалниот изглед на законите.

ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИЕ, ОПОЗИЦИЈАТА И ВЛАСТА, МОЖЕ И ВЛАЈЕАЧКОТО МНОЗИНСТВО ДА ПРЕДЛОЖИ АМАНДМАНИ. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГО ГЛЕДА КОНЕЧНИОТ ЗАКОН. АКО ГИ ПОВРЕДУВААТ ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ, ЗАВЛЕГУВААТ ВО ПРАВАТА НА ТРЕТИ ЛИЦА, СЕ РАЗБИРА ДЕКА БАРЕМ ДЕЛ ОД ТИЕ ЗАКОНИ НЕМА ДА ПОМИНАТ, НО ДА ГИ ВИДИМЕ ВО КОНЕЧНА ВЕРЗИЈА, ДОДАДЕ ПЕНДАРОВСКИ.

Вчера реагираа и од Платформата на граѓански организации за борба против корупција, според кои носењето на законите по скратена постапка без дебата и анализа од стручната јавност отвор ризици за корупција.