Претседателот Стево Пендаровски на кој му завршува мандатот ќе се откаже од привилегиите кои му следуваат согласно законот, објави ТВ 21. Тој најверојатно нема да користи државен кабинет со работници и доживотна државна пензија. Според извори на медиумот тој најверојатно ќе се врати како професор на меѓународен универзитет Американ Колеџ Скопје.
Како што дознава ТВ21, Пендаровски веќе започнал со консултации со бордот на Универзитетот, но и со други соработници околу неговото враќање како професор.
Преходните председатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов ги користат привилегиите од законот за екс председатели- пензија во висина на плататата на шефот на државта,кабинет со секретарка и автомобил со шофер. Пендаровски неодамна и јавно најави дека ќе се откаже од привилегиите кои ги користат неговите претходници и ќе се врати на работното место од каде што дојде на функцијата пеф на државата.