-Стево Пендаровски нема кредибилитет да биде претседател на Републиката. Пендаровски не држи до сопствениот збор и менува ставови во рок од неколку часа. Во претстојниот период ќе ја потсетиме јавноста зошто Стево Пендаровски не треба да биде претседател. Прв и најмаркантен пример зошто Пендаровски нема капацитет за претседател е неговата неспособност да додржи на својот став, изјави на денешната прес-конрефенција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Тој потсети дека на 6 декември Стево Пендаровски лично кажа дека не планира да се кандидира за втор мандат.
-Тоа е објавено од медиумите во 14:13, за само час и неколку минути подоцна во 15:19 тој да биде демантиран од неговиот кабинет дека бил погрешно разбран. Што кажа Пендаровски на 6ти декември? Имено тој прашан дали размислува да се кандидира за нов мандат, кусо и децидно одговори: НЕ. Како НЕ на Пендаровски стана да за неколку часа? Дали личниот став на Пендаровски, кој исто како и останатите политички чинители во државата ги гледа анкетите, но и знае колкава штета имаат направено тој и СДС е да не се кандидира? И дали се кандидира под присила на Ковачевски, Маричиќ и Зечевиќ затоа што никој друг во СДС не сака да го носи поразот на грб, па ниту Оливер Спасовски, кој до последен момент мереше дали има математика за влегување во трка?, прашува пратеникот.
Лефков вели дека Стево Пендаровски како претседател се покажал исклучително слаб, често демантиран од своите соработници, владата или од самиот себе по неколку часа или неколку дена.
-Со Стево Пендаровски, Македонија може да оди само назад, кон нови понижувања и порази.Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата, нагласи тој.