Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, информираше по денешната 14-та Седница на советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски.
Во однос на тензиите на украинско-руската граница, Пендаровски изјави дека Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.
„Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика“, изјави Пендаровски.
Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет, а во регионот тензиите се делумно намалени, пред сѐ, во Босна и Херцеговина поради ангажманот на меѓународната заедница, додаде Пендаровски по дво иполчасосвната седница на Советот за безбедност на која за првпат присуствува Димитар Ковачевски, како нов премиер, и Славјанка Петровска како нова министерка за одбрана.
За тензиите на украинско-руската граница земјава ги направила сите подготовки за можните сценарија рече шефот на државата.
„Во таа смисла ги поздравуваме дипломатските напори кои се одвиваат на различни нивоа и кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница со кој им се дава шанса на дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика“, рече Пендаровски.
Во тој дел од светот, нагласи Пендаровски, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните натаму.
Појасни дека Алијансата нема донесено одлука, ниту, пак, како што нагласи ќе донесе за борбено учество во Украина поради тоа што со Вашингтонскиот договор само за земја членка важи членот пет ,според кој, ако една членка е нападната реагира цела Алијанса.