Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

(Photo by JOHN THYS / AFP)

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа вели дека се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Заев и неговите, вели дека нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал.

– Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите. Aко е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/пендаровски—зборувам-за-помирување-а-не-за-нечија-амнестија/30064526.htmlhttps://www.slobodnaevropa.mk/a/пендаровски—зборувам-за-помирување-а-не-за-нечија-амнестија/30064526.html