![Pendarovski 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/Pendarovski-1.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Власта ја претвори нашата држава во друштво со ограничена одговорност. Нивна сопствена фирма. Затоа нам ни е потребна комплетна политичка промена преку којашто законите ќе важат и за царот и за слугата подеднакво. Така Македонија ќе стане правна држава. Тоа е основна задача на шефот на државата. Тоа ќе биде мојата основна задача, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, на средбата со жителите на Дебарца.
Пендаровски ги посети и Белчишта, Мешеишта, Волино, Боровец, Подгорци и Вевчани. Во своите говори, тој посочи дека сега е моментот да се вратат младите во државата.
„Сега имаме историска шанса да ја вратиме државата на вистинскиот правец. Тоа ќе биде возможно само ако понудиме концепт којшто е поразличен од овој сегашниов, којшто не подели по сите основи и којшто не доведе до дереџе да се срамиме да кажеме од каде сме и колку пари имаме во џебот“, истакна во своите говори Пендаровски.