На 5 месеци пред извесното заминување од претседателската позиција според анкетите, претседателот Стево Пендаровски објавува конкурси за две важни позиции во кабинетот на претседателот на републиката.
Според конкурсите Пендаровски врши сериозна дискриминација на етничка основа затоа што на двете важни позиции не можат да конкурираат Македонец, Турчин, Ром, Влав, Србин, Бошњак или припадник на друга заедница.
Пендаровски пред заминување бара исклучиво Албанци советници за позициите советник за национална безбедност и внатрешна политика.
Пендаровски знае дека секој претседател овие позиции ги смета за клучни за својот кабинет и знае дека идниот претседател на државата кој според анкетите ќе биде кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ќе сака да има свои луѓе на важните позиции но сепак се обидува да намести свои луѓе на нив.
Досега ниту еден друг претседател во заминување не му правел вакви кадровски ујдурми на својот наследник.