
На средбата, македонските иселеници го запознаа претседателот Пендаровски со досегашните активности за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција, како и за интеграцијата во шведското општество и социјално-културниот развој во рамките на друштвата и на клубовите.
Изразувајќи поддршка за натамошните активности во оваа насока, претседателот Пендаровски истакна дека нивниот ангажман е позитивен пример и дека придонесуваат кон унапредување на соработката меѓу Македонија и Шведска.
Македонскиот сојуз во Шведска е најголемата асоцијација на македонските иселеници во Скандинавија составена од 11 македонски друштва и клубови,се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.