
Претседателот Стево Пендаровски на 12-ти ноември претпладне ќе има „тет-а-тет“ средба со францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на Парискиот мировен форум што од 11-ти до 13-ти месецов ќе се одржува во Париз и состанокот е потвреден официјално, уверуваат во вторникот од кабиентот на македонскиот претседател
Претходно во понеделникот Пендаровски вчера во изјава за медиумите најави дека се прават напори за ваква средба на високо ниво, во рамки на дипломатијата во контекст на евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.
Целта е како што рече, во наредниот период да добиеме посилен сигнал за тоа дали е е можно да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит пред се поради ставот на Франција.
На Форумот, на кој се очекуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, Пендаровски ќе се обрати на 12 ноември.