Претседателот Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред новинарите рече дека не може да ја коментира содржината на службената белешка од АНБ, врз основа на која еден бизнисмен е во притвор. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак конечно кон лицата кои раководат со виталните државни институции треба да има некакви консеквенци.
-Јас сум од тие неколкумина корисници од државното раководство кој ја добив таа белешка на времето и можам да ви кажам дека примерокот кој е објавен по онаа интерна истрага која ја направивме не е ниту од мојот кабинет излезена, ниту од службите кои се под моја директна надлежност,изјави Пендаровски.
-Мислам дека тука истрагата треба да покаже како е возможно од еден прилично лимитиран број највисоки државни субјекти, орган во сферата на правосудството и државно раководство како е воопшто излезен тој документ бидејќи тоа не зборува добро. Ние сме една година членка во НАТО и многу ни е битно во сферата, во областа на безбедноста на информации, тие класификувани информации да ги читаат само оние за кои тие се наменети, рече претседателот на државата.