Пендаровски утре ќе биде домаќин на летонскиот претседател Егилс Левиц

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателот на Летонија Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија.

-Претседателот Левиц утре претпладне ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите на Летонија и Северна Македонија. По пленарниот состанок е предвидена заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, најави Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Поради посетата на Левиц на државава од утре до 23 април Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.