Претседателот Стево Пендаровски за денеска (24 февруари 2022 година) свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.
Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14:00 часот.
Соопштение за заклучоците на Советот за безбедност, ќе бидат објавени од страна на Кабинетот на претседателот по завршувањето на седницата.