Да останеме сплотени и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани без разлика на нивната верска, етничка или каква било припадност, градејќи праведно општество и просперитетна држава, пишува во својата честитка по повод Рамазан Бајрам, претседателот Стево Пендаровски.
-Збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан Бајрам се надевам дека и понатаму ќе останеме одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници во борбата со пандемијата на ковид 19, напиша Пендаровски.