Пред победничкиот говор на Трамп, Пенс изјави дека ова била историска ноќ, со оглед на тоа што САД го избраа својот нов претседател.
– Навистина ми е тешко да ги изразам чувствата поради честа што ќе ја имам привилегијата да служат како потпретседател на САД, истакна Пенс.
Мајкл Ричард Мајк Пенс е американски политичар и 50. гувернер на сојузната држава Индијана. Член е на Републиканската партија, а претходно беше претставник во Долниот дом на Конгресот од 2001 до 2013 година.
Иако на гувернерските избори 2016 година имаше право на повторен избор за нов четиригодишен мандат, одговори на повикот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да биде кандидат за потпретседател на САД.