Пенс го повика Врховниот суд да го забрани селективниот абортус

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изрази во вторникот очекување дека Врховниот суд на САД ќе ги потврди законите на неколку сојузни држави за забрана на таканаречените „селективни“ абортуси.

Мајк Пенс, кој е познат по конзервативните ставови и честопати во јавноста се декларира како христијанин, во својата писмена изјави изрази „надеж дека законската заштита од дискриминацијата на основа на пол, раса или телесно оштетување еден ден ќе се прошири и на сѐ уште неродените Американци“. Тој оваа надеж ја иразува откако Врховниот суд претходно во вторникот донесе половична одлука за законите кои Пенс ги донесе во 2016 година, кога беше гувернер на сојузната држава Индијана.

„Потпретседателот го поздравува тоа што Врховниот суд ја потврди одредбата на Индијана која ја штити светоста на животот пропишувајќи ја обврската кон останките од абортираниот фетус да се постапува со почитување и достоинство“, напиша неговата портпаролка, Елиса Фара.

Индијана во 2016 година со закон пропиша задолжително погребување или кремирање на ткивотот од абортиран фетус, исто „како и другите човечки останки“, а не да бидат третирани како „медицински отпад“.

„Потпретседателот верува дека Врховниот суд дополнително ќе ја потврди и забраната за селективниот абортус“, напиша уште Фара и додава дека „Државите ширум светот ги забрануваат селективните абортуси и Соединетите држава би требало да го сторат истото“.

Индијана, исто така, го забрани абортусот „врз основа на пол, раса или малформации на фетусот, во прв ред во случај на Дауновиот синдром“, но судовите во оваа сојузна држава ги поништија овие одбредби поради што државата се жалеше пред Врховниот суд,

Во вторникот Врховниот суд го потврди законот за задолжително погребување на ткивото од абортираниот фетус, но не и другите одредби, па тие не може да стапат на сила. Врховниот суд, сепак, го задржа правото да го промени мислењето, наведувајќи дека одлучувал по само една вложена жалба за ова прашање.

Во Врховниот суд во мнозинство се конзервативните судии откако две места од периодот на демократскиот претседател Барака Обама беа испразнети и тие беа пополнети со предлози на републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Случајот од Индијана е еден од првите големи тестови, откако минатата 2018 година во пензија си замина судијата Ентони Кенеди, кој беше клучен во одбраната на правото на абортус. На неговото испразнето место Трамп го именуваше конзервативниот судија Брет Кавано.