НАСА треба да соработува со приватниот сектор, истакна потпретседателот Мајк Пенс во обраќањето за целите на американската вселенска програма.
„Претседателот јасно стави до знаење дека ние ќе ја постигнеме оваа цел со сите неопходни средства“, рече Пенс за време на говорот пред вработените во истражувачкиот центар на НАСА во Лангли, Вирџинија.
„За да успееме, ние ќе продолжиме да се фокусираме на мисијата“, додаде Пенс, кој исто така претседава со Националниот совет за вселенска политика.
Во декември 2017 година, претседателот Доналд Трамп ја потпиша Директивата за вселенска политика-1, која официјално и наложи на НАСА да работи кон враќање на луѓето на Месечината за прв пат по 1972 година и да го искористи најблискиот сосед на Земјата како отскочна даска до Марс.
Оригиналниот временски распоред беше насочен кон 2028 година за враќање на Месечината, каде би требало д азаминат двајца астронаути, вклучувајќи го и првиот женски претставник, до лунарниот јужен пол. Но, во март минатата година, Пенс најави значително забрзување, насочувајќи ја НАСА да ја има за цел 2024 наместо 2028.
Агенцијата исто така работи кон амбициозни временски рамки. На пример, НАСА има за цел да воспостави одржливо, долгорочно човечко присуство на и околу Месечината до крајот на 2020-тите и да стапне на Марс некаде во 20-тите години на 21. век.